Еден месец покасно од вообичаеното, за десетици илјади деца и студенти, меѓу кои и 19.000 првачиња, денеска почна новата учебна година, која ќе се разликува од сите досегашни.

Децата од прво до трето одделение седнаа во училишните клупи, а најголем дел од останатите ученици ќе ја следат наставата преку националната платформа за учење од далечина www.schools.mk. Третата опција е следењето на наставата преку каналите на Македонската радио-телевизија.
Наставата со физичко присуство и под посебни протоколи ќе се одвива во 600 училишта, како и на дел од факултетите поради природата на нивните наставни содржини.

Сите образовни институции во земјата беа затворени на 10 март, на самиот почеток на епидемијата на коронавирусот, по што учебната година заврши онлајн.