ПО ТРИ МЕСЕЦИ, МАКЕДОНИЈА УТРЕ ГИ ОТВОРА СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Macedonian police officer wearing face mask, checks the documents of passengers on the border crossing "Tabanovce" (Serbia - North Macedinia) near Kumanovo, Republic of North Macedonia on 25 February 2020.Because of recent cases of corona virus in Italy, Macedonian Government decides to take stronger control on the borders crossing and prepare for any risk of getting the corona virus spread in the country.

Македонија утре ги отвора сите гранични премини, додека бројката починати од КОВИД-19 отиде над 200.

  • Од последиците на коронавирусот починаа уште осум лица: пет од Скопје на возраст од 65 до 77 години и две од Тетово (67 и 71 година).
  • По Србија, Македонија е само втора држава во регионот со повеќе од 200 мртви од КОВИД-19 и сега е на 201.
  • Во изминатите 24 часа се направени 1.173 тестирања и 134 имале позитивен резултат, од кои мнозинството се во Скопје (97).
  • Вкупната бројка заразени порасна на 4.289.
  • Досега оздравеле 1.757 лица, а има и 2.331 активен случај на зараза.
  • На барање на Владата, претседателот Стево Пендаровски синоќа прогласи нова осумдневна вонредна состојба во земјата, која ќе трае до 22 јуни.
  • По точно три месеци, утре се отвораат сите гранични премини.
  • При влез во земјата ќе мора да се приложи доказ за негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа, по што следува задолжителна самоизолација од 14 дена.