ПОЧЕТОКОТ НА СКОПСКИ ПИВОЛЕНД ОДЛОЖЕН ЗА 3 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот фестивал на пивото се одложува за три дена поради лошите временски услови. Место денеска, Пиволенд ќе стартува на 3 септември на првично предвидената локација, плоштад Македонија.

Поради големото невреме кое ги зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, чувствуваме потреба поради безбедност да го презакажеме почетокот на Пиволенд за 3 септември“, објавија организаторите.

Првиот скопски Пиволенд по три години пауза ќе трае пет дена и ќе се одржува на две сцени. Најавено е учеството на повеќе од 50 домашни изведувачи, а на менито ќе бидат над 100 видови пиво.