ПОД МОТОТО „ТРАЕЊЕ“, ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 14. ФЕСТИВАЛ НА АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ АНИМАКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот на анимирани филмови Анимакс по 14. пат ќе се одржи на 21 и 22 декември во Кинотеката. Годинава, фестивалот се одржува под мотото „Траење“.

Официјалната селекција е составена од 30-ина анимирани филмови, одбрани од над 1.800 пријави од целиот свет. Селектор е Диме Ратајковски, а за добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена тула ќе одлучува жирито Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ.

„Низ годините, на Анимакс се гледаа илјадници анимирани филмови од цел свет, а дел од нив потоа добиваа Oскар или други престижни награди. Детската програма овојпат ја поместуваме налето, за да продлжиме да траеме“, вели Кузман Кузмановски, директорот на фестивалот.