По само една недела, во Македонија денеска дополнително се ублажуваат коронамерките, па општата забрана за движење ќе почнува два часа покасно и се продолжува работното време на угостителските објекти.
- Од вечерва, полицискиот час ќе трае од 23 до пет часот.
- Поради ова, рестораните, кафеаните и кафулињата ќе можат да работат до 22:30 часот, како и досега, само отворениот дел.
- Бројот на нови случаи на коронавирус е во константен пад во изминатите седум дена, кога се регистрирани вкупно 1.693 новозаразени.
- За ист период починаа 250 лица од ковид-19.
- Во Македонија моментално има 13.169 активни случаи на зараза.