Археологот и историчар на уметност Гоце Наумов утре во 12 часот во Музејот на Македонија ќе одржи предавање под наслов „Тела и лица: африканска обредна иконографија“. Предавањето е во рамките на изложбата „Духовите на Африка“, која се отвори минатата недела и содржи над 70 маски, скулптури, ткаенини и фотографии од земјите од Западна Африка.
Предавањето ќе направи осврт на предметите што се користат во африканските обреди, истакнувајќи ги нивните визуелни и симболички обележја.
„Во преден план ќе бидат ставени телесноста, хибридноста и отелотворувањето како ликовно-семиотички концепти, но, исто така, и обредите во коишто овие предмети се користеле“, најавува Музејот.