ПРЕМИЕРА НА БАЛЕТОТ „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ ВО НОБ СО МУЗИКА НА КАЛИОПИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ е првата премиера на Националната опера и балет за оваа година, а ќе се изведе вечерва со почеток во 20 часот.

Опишан како балет во девет слики, „Госпоѓиците од Авињон“ е насловен според истоимената слика на Пабло Пикасо, а либретото го напиша Сашо Димовски. Кореографијата и режијата се на Олга Панго, а музиката е дело на Калиопи Букле.

Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендрју Кук.

Костимите ги изработи Раде Василев, а како сценографија се користени елементи од операта „Змејовата невеста“, чиј сценограф беше Валентин Светозарев.