ПРЕМИЕРА НА „ПРОСЛАВА“ НА БУЗАЛКОВСКА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Прослава“ од Дејвид Елдриџ, во режија на Зоја Бузалковска, премиерно ќе се изведе вечерва од 20 часот во Драмски театар. „Прослава“ („Festen“) е адаптација на филмското сценарио со истоимен наслов, чии автори се Томас Винтерберг, Могенс Руков и Бо. Хр. Хенсен за првиот догма филм, снимен во 1998 година.

„Оваа современа трагедија е драма која се занимава со расчистување со хипокризијата на ‘здравото’, ‘големо’ патријархално семејство, преку следење на настаните на една семејна прослава, по повод 60. роденден на таткото Хелге. Прославата се одвива во мрачната сенка на самоубиството на една од неговите ќерки“, вели Бузалковска.

Играат Александар Степанулески, Дејан Лилиќ, Соња Стамболџиоска, Диме Илиев, Лилјана Велјанова, Емилија Мицевска, Димитрија Доксевски, Лазе Манасковски, Ѓорги Тодоровски, Тамара Ристоска, Предраг Павловски, Златко Митрески, Дениз Абдула и Анастасија Аневска.

Сценографијата е на Тодор Дајевски и на Бузалковска, костимите се на Марија Пупучевска, за звучните ефекти е задолжен Павле Игновски, а на сценските борби работел Дарко Вељиќ.