Стивен Тајлер, пејачот на „Аеросмит“, му нареди на Доналд Трамп да престане да ги пушта песните на групата на своите митинзи.
„Ова нема врска со демократи против републиканци. Не дозволувам нашите песни да се пуштаат без дозвола. Мојата музика не е наменета за политички митинзи и кампањи, туку за други цели. Мојот одговор е не“, напиша Тајлер на Твитер.
Тој реагираше откако Трамп го заврши својот митинг во Чарлстон, Вирџинија, со песната „Живееме на работ“.
„Господинот Трамп нема никакво право да ги користи името, ликот, гласот или делото на мојот клиент без писмена дозвола. Тој создаде лажна претстава дека го добил правото да ја користи неговата музика“, изјави адвокатот на Тајлер.
Трамп користеше една песна на „Аеросмит“ и за време на предизборната кампања.