Петнаесеттото издание на меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар ПАНФИЗ се отвора вечерва со претставата „Некое друго време“, во кореографија и режија на Ирена Лозанска. Таа премиерно ќе се изведе на големата сцена на Македонскиот народен театар со почеток во 19 часот, а играат Ана Левајковиќ, Миа Кантарџиева-Петровска, Ева Скендеровска и Исидор Јованоски.
Вториот фестивалски ден е в сабота, кога во балетската сала на МНТ ќе се изведе буто перформансот „Дистанци“ на културниот центар „Нектар арт“ од Србија.
„Сè што во текот на пандемијата му се случувало на еден уметник е раскажано преку јазикот на буто танцот“, се вели во најавата на претставата.