ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЌЕ ДОДЕЛУВА „НОБЕЛОВА НАГРАДА“ ЗА ЕКОЛОГИЈА

Лондон, (Гардијан)

Принцот Вилијам објави дека обезбедил 50 милиони фунти за нова награда за екологија, во обид да инспирира решенија за некои од најгорливите проблеми на Земјата. Earthshot е опишана како најпрестижната награда во оваа област во историјата, своевидна Нобелова награда за екологија, која треба да ја сврти дебатата од песимизам и негативност кон оптимизам и надеж.

Пет награди од по еден милион фунти ќе бидат доделени секоја година до 2030, со цел да се обезбедат 50 решенија за некои од најголемите предизвици со кои се соочува планетата. Во изборот на добитниците ќе учествуваат Дејвид Атенборо, Кејт Бланшет, Шакира, кинескиот милијардер Џек Ма и други славни личности, а првото доделување ќе биде следната есен. 

Има прекрасни луѓе кои чинат прекрасни работи низ светот. Ако еден од нив излезе со добра идеја, тоа можеме да го надградиме и да го искористиме за решавање на проблеми“, изјави Вилијам.

Тој смета дека наредните 10 години се клучни за да се промени нешто.

Се наоѓаме во пресвртна точка. За десет години можеме да ја направиме планетата поодржлива, попросперитетна и подобра за секого“, изјави војводата од Кембриџ.