Новиот „И-пејс“, првиот компактен теренец на „Јагуар“, пристигна во салонот на „Автомобили груп“.
Станува збор за СУВ што го красат пространа внатрешност, зголемена безбедност, пропорции на семеен автомобил и жестоки перформанси, што не се типични за едно вакво спортско возило.
Во понудата се пет мотори, од кои три дизел и два бензински, чија моќност се движи од 150 до 300 коњски сили.
Покрај тоа што е опремен со најсовремена технологија, и во делот на информирање и во делот на забава, „И-пејс“ има освоено високи оценки во сите категории на безбедност. Првиот компактен СУВ на „Јагуар“ доби пет ѕвездички од страна на Euro NCAP. Меѓу безбедносните системи што ги поседува се помош за задржување во коловозна лента, надзор на состојбата на возачот, контрола и ограничување на брзината и итно кочење при голема брзина.
Целосно новиот „И-пејс“ e oдличен за патувања и доволно голем да понесете сè што ви е потребно, за што на располагање имате багажен простор со капацитет од 441 литар.