ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ ВОЗИЛА ЌЕ ДОСТИГНЕ НОВИ РЕКОРДИ ВО 2024

Париз, (Гардијан)

Продажбата на електрични и хибридни возила ќе достигне нови рекордни бројки оваа година, и покрај забавениот раст на некои пазари, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Според неа, 17 милиони вакви возила ќе бидат продадени во 2024, што е над 20% повеќе во споредба со лани.

ИЕА вели дека најголем дел електрични автомобили ќе чинат исто колку бензинците до 2030, бидејќи цените паѓаат.

Автокомпаниите се пожалија дека растот на побарувачката на електрични автомобили успорува, поради што се принудени да ги намалат цените за да бидат конкурентни. ИЕА вели дека пониските цени би можеле да ја забрзат транзицијата.

Продажбите во некои држави се поголеми од другите, но транзицијата фати замав“, вели шефот на ИЕА, Фатих Бирол.

Некои држави го охрабруваат купувањето електрични возила, па така четири петини од сите продадени возила во Норвешка лани биле електрични. Кина и побогатите европски држави водат во однос на остатокот на светот, вклучително и САД.

(Фото: Алами)