Вечерва (13 ноември) од 19:30 часот, во скопскиот клуб „Котур“ ќе се одржи проекција на играниот филм „М“ на Вардан Тозија. По проекцијата е најавен разговор со режисерот.
Билетите чинат 150 денари, а филмот ќе се прикажува уште неколкупати потоа: на 14 ноември, 19 ноември, 20 неомври и на 21 ноември од 19:30 часот. Поради ограничениот број места, билетите се резервираат на Инстаграм профилот на „Котур“.
Филмот „М“ е во режија на Вардан Тозија, кој го напиша сценариото со Даријан Пејовски. Играат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска Трајкова, Владимир Тулиев и Оливер Митковски. Оваа научно-фантастична драма е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово, Франција и Луксембург.