ПРОФЕСОРИТЕ ОД ЛИКОВНИТЕ АКАДЕМИИ ВО СКОПЈЕ И СОФИЈА НА ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА ВО БУГАРИЈА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

На 23 јануари, во галеријата „Академија“ во Софија ќе се отвори изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Националната ликовна академија и од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.

Изложбата првпат беше претставена во декември 2024 во Галеријата на ФЛУ во Скопје. Опфаќа околу 60 дела од 28 професори од двете ликовни академии. Делата се изработени во различни медиуми и техники од областа на ликовните и пластичните уметности: сликарство, графика, уметност на книга, илустрација, пластики од хартија, керамика, порцелан, стакло, текстил, фотографија и видеоарт.

Учествуваат Ана Спасова, Ангел Миов, Беди Ибрахим, Бојана Павлова, Васил Колев, Велимир Жерновски, Венцислав Шишков, Георги Јанков, Гергана Табакова, Гоце Наневски, Елизар Милев, Емануела Ковач, Здравка Василева, Зоран Мише, Игор Сековски, Капка Канева, Мања Вапцарова, Кирил Божков, Красен Троански, Кристина Борисова, Ладислав Цветковски, Љубомил Драганов, Марија Сотировска, Николина Енчева, Роберт Јанкуловски, Розина Макавеева, Светозар Бенчев и Славица Јанешлиева.