ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ДРУГАРКО“ ОД ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ-КОСМОНАУТКО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (11 мај) од 17 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од Денис Јанкуловски-Космонаутко, со илустрации на Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, Марија Савеска и Дени Жерновска.

На неодамнешниот Саем на книга во Скопје, сликовницата „Другарко“ го доби највисокото признание за општествена одговорност, што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

„Ова е една од ретките сликовници кај нас која се занимава со децата со нетипичен развој. Главниот лик е детето Другарко, кое има аутизам и си живее во свој свет, а приказната е мајсторски раскажана и испреплетена со етички поуки за другарство, заедништво и почитување на поинаквите. Боите во сликовницата се ненападни, а фонтот е едноставен, со цел да можат да ја гледаат и читаат сите деца“, стоеше во образложението на жири-комисијата.

„Другарко“ е во издание на „Прозарт медиа“.