ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕГНАТИЈА ИСКЕЈП“ ЌЕ СПОИ МУЗИКА, ХРАНА И ПРИРОДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во организација на „Охо продукција“, од 12 до 14 август во потпелистерските села ќе се одржува првото издание на фестивалот „Егнатија искејп“ (Egnatia Escape), кој ќе спои музика, храна и природа.

Програмата ќе се одвива во селата Трново, Дихово и Цапари, а во музичкиот дел ќе настапат „Летечки пекинезери“, Дина Јашари, Пијан Славеј и Исмаил Лумановски со „Љубојна“ и Панајотис Андреу, како и диџеи.

В сабота во Дихово ќе се одржи работилница за берење и приготвување печурки насловена „Магичниот свет на печурките“, а следниот ден во Цапари ќе се организира работилница за приготвување и печење леб.