РАЗГОВОР СО ПОЕТЕСАТА ДОЛОРЕС АТАНАСОВА ВО БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. Разговорот е од 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на „Чудна шума“) е последната, осма книга од вториот циклус на кампањата „Читаме современи македонски автори“, која ги промовира македонските писатели и македонскиот јазик.