„Мојот пат во уметноста“ е насловена изложбата на уметникот Решат Амети, што ќе се отвори на 11 март во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Амети годинава слави 35 години творештво, а одбележувањето почна во декември со изложба во Берлин.
„Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кои уметникот целосно се предава. На овој пат има и станици на кои треба да се застане, да се сврти назад кон изминатиот пат, но и да се усмери погледот кон иднината, за да може да се одреди по кој пат да тргне“, велат од МКЦ.
Амети е редовен професор на Државниот факултет во Тетово, има меѓународна репутација и добитник е на државната награда „11 Октомври“.
Изложбата ќе трае до 22 март.