Ретки индо-пацифички делфини се вратија во водите на Хонгконг и научниците сметаат дека нивниот број се зголемил како резултат на прекинот на брзиот траектен сообраќај во областа.
Попознати како кинески бели или розеви делфини, тие со години ја избегнуваа делтата на Бисерната Река поради брзите траекти кои го поврзуваат Хонгконг со Макао. Истражувачите велат дека нивниот број пораснал за 30% во изминатите месеци, откако траектите беа запрени во март поради пандемијата на коронавирусот.
„Овие води, кои порано беа најпрометните и најзагадени водени патишта во Хонгконг, станаа многу мирни. Ги проучувам овие делфини од 1993 година и никогаш досега не сум видела ваква драстична промена, а се промени само тоа што 200 траекти престанаа да возат“, изјави д-р Линдзи Портер, поморски научник од универзитетот Сент Ендрјус.
Научниците веруваат дека во целата река има околу 2.500 вакви делфини.