Првпат по 18 години, пет планети ќе бидат порамнети и видливи наутро во текот на овој месец. Жителите од северната полутопка ќе имаат најубав поглед на феноменот половина час пред изгрејсонцето.
Порамнувањето на Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн не се смета за исклучително ретко, па следното ќе се случи во 2040 година.
Ако условите се чисти, планетите ќе бидат доволно сјајни за да се набљудуваат со голо око, а како што месецот ќе одминува, и Меркур ќе биде сè повидлив. Дополнителен небесен спектакл се најавува за 24 јуни, кога полумесечината ќе се протне меѓу Венера и Марс.
По завршувањето на јуни, планетарното друштво ќе почне да се растура, а Сатурн, Марс, Јупитер и Венера ќе изгледаат сè пораширени на утринското небо.