Серија активности за обука како да се препознаат лажни вести имаа средношколците стипендисти на YES програмата за размена и меѓународно образование на Американските совети поддржана од американскиот Стејт департмент, во соработка со дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК.

На работилницата во живо со главниот уредник на САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Михајловски и заменичката-главен уредник Марина Костова, средношколците во програмата научија како да препознаат лажни и манипулативни вести, да разликуваат суштински од кликбејт наслови и како да ја претворат својата приказна во вест. Михајловски и Костова на темата медиумска писменост одржаа и онлајн мастеркласови.
Средношколците ја посетија и нашата редакција и разговаравме за новинарската професија, стандардите, проблемите и напорите да се зачува интегритетот и да се образува младата публика.