СДСМ ВО ПРВИОТ КРУГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОСВОИ 37 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

СДСМ победи во првиот круг во 37 општини, а во водство е уште во 15 на вчерашните локални избори. Прогласувајќи ја победата, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кажа дека ерата на локални шерифи заврши и дека радоста е голема, но голема е и одговорноста.

Сакам да порачам дека ерата на локални шерифи заврши“, кажа Заев на прославата на победата пред Владата. Додаде дека сега веќе „нема повеќе изговори, треба да ги засукаме ракавите и да работиме, зашто нашиот народ тоа го заслужува“.

СДСМ во првиот круг победи во Охрид, а Наташа Петровска ќе биде првата градоначалничка на Битола .

Саша Богдановиќ од СДСМ победи за градоначалник на Општина Центар, а во првата изјава вети дека ќе стави мораториум на сите градби во централното подрачје на главниот град.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето по изборите синоќа не кажа дека даде оставка. Тој обвини дека локалните избори поминале во нефер услови и најави дека по изборите ќе прават анализи и ќе дискутираат што понатаму.