СЕ ПРОДАВА ДРЕСОТ ВО КОЈ МЕСИ СТАНА СВЕТСКИ ПРВАК, МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ ЦЕНА ОД НАД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Дресот што Лео Меси го носеше во финалето на Светското првенство во Катар ќе се продава на аукција, при што се очекува да достигне цена од над десет милиони долари. Тој е еден од шесте мундијалски дреса на Меси што ќе бидат понудени на аукцијата на „Сотбис“ во Њујорк денеска.

Ако навистина биде достигната оваа цена, дресот на Меси ќе стане највредниот досега, надминувајќи го дресот на Мајкл Џордан од првиот меч на НБА финалето во 1998, кој лани се продаде за 10,091 милион долари. Рекордот за најскап фудбалски дрес го држи дресот на Диего Марадона од фамозниот меч на Светското првенство 1986 против Англија, на кој постигна гол со рака. Тој во почетокот на оваа година се продаде за 7,1 милион фунти.

„Беше неверојатно. Сѐ се промени за мене тој ден зашто конечно го остварив она што толку долго го посакував“, кажа Меси пред аукцијата.

Дел од собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни проекти.

(Фото: Гети)