ШЕСТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТРИ ЗА ДЕЦА НА ШТИПСКИОТ ФЕСТИВАЛ „МАЛИОТ ПРИНЦ“ ОД 1 ДО 10 ОКТОМВРИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

По неколку години прекин, во Штип повторно ќе се одржи театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“, што ќе биде негово десетто издание.

Фестивалот ќе трае од денеска до 10 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“, а ќе настапат шест македонски театри за деца и млади. Ќе има награди за најдобри актер, авторска музика, сценографија, костимографија, режија и адаптација на текст.

Фестивалот денеска во 12 часот ќе го отвори НУЦК Трајко Прокопиев од Куманово со претставата Малата сирена. Наредната претстава Убавицата и ѕверот на Малиот театар од Прилеп ќе се изведе во вторник од 19 часот. Во програмата ќе бидат и претстави на ‘Ацо Шопов‘, ‘Антон Панов од Струмица, Летечка театарска група од Тетово и на Театар за деца и младинци од Скопје“, вели директорот на Домот на културата „Ацо Шопов“, Горан Трајков.

Т. ЈОВАНОВСКИ