Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска на плоштадот Македонија учеше да игра салса.
Шилегов присуствуваше на матурската парада и откако матурантите завршија со танцот квадрил, тој на бината, заедно со водителката Марјана Станојковска и Тодор Миладинов од танцовиот клуб „Ритам плус“, заигра на латино музика. Миладинов му ги покажуваше чекорите на градоначалникот, па потоа сите заедно на бината заиграа салса.
Годинава, на матурската парада во Скопје учествуваа околу 1.100 матуранти од Скопје. Учениците играа квадрил што го вежбаа на часовите по физичко со учителите од танцовиот клуб „Ритам плус“.
А. АНТЕВСКА