ШУМИ СО ГОЛЕМИНА НА ФРАНЦИЈА ПРИРОДНО СЕ ОБНОВИЛЕ ОД 2000, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

Женева, (Би-Би-Си)

Шумска област со големина на Франција, односно 59 милиони хектари, природно се обновила низ светот во изминатите 20 години, покажа ново истражување. Обновените шуми имаат потенцијал да впијат 5,9 гигатони јаглероден диоксид, што е повеќе од годишните емисии на САД.

Тим предводен од Светскиот фонд за заштита користеше сателитски податоци за да направи мапа на обновените шуми.

„Природно регенерираните шуми се често поевтини, побогати со јаглерод и подобри за биодиверзитетот од засадените. Но, за да ги избегнеме климатските промени, мора и да го запреме уништувањето шуми и да ги обновиме природните шуми. Секоја година се уништуваат милиони хектари шуми, многу повеќе од она што се обновува“, вели Вилијам Болдвин-Кантело од Светскиот фонд за заштита.

Атлантската шума во Бразил дава надеж, покажа истражувањето, откако од 2000 година таму се обновила област со големина на Холандија. Во тајгите во северна Монголија се обновиле 1,2 милиона хектари шуми, а други добри примери за регенерација се централна Африка и зимзелените шуми во Канада.