Швајцарски истражувачи успеале да создадат злато од пластика кое ја задржува својата чистота. Бидејќи има мала тежина, ова злато е идеално за правење накит и часовници.

Златото што се користи при правење накит се меша со метални легури со цел да се намали неговата тежина, но некои делови и натаму остануваат претешки. Новосоздаденото 18-каратно злато ги заменува елементите на метални легури со пластична матрица, намалувајќи ја густината од вообичаени 15 на 1,7 грама на кубен сантиметар.

Ова злато е направено од протеински влакна и полимери на латекс, на кои се додадени златни нанокристали и истражувачите велат дека ја има истата чистота како неговите метални двојници.

Новото злато ги има сите карактеристики на пластика, но има сјај на злато и може да се обработува како класично злато. Лесно е и ако падне на цврста подлога, звучи како пластика“, изјави Рафаеле Меценга од институтот ЕТХ во Цирих, кој веќе го патентираше своето злато.