ШВЕДСКА ГО ГРАДИ ПРВИОТ ПОЛИГОН ЗА ЛАНСИРАЊЕ САТЕЛИТИ ВО ЕУ

Стокхолм, (Јуроактив)

Вселенскиот центар „Есрејнџ“ во Шведска ќе биде првата платформа за развој на ракетни технологии и лансирање сателити во Европската Унија. Сместен во околината на градот Кируна во северна Шведска, полигонот треба да биде подготвен за работа во лето 2022.

Оддалечен 200 километри од Арктичкиот Круг, „Есрејнџ“ беше основан во средина на 1960-ите и оттогаш е активна истражувачка локација. Погоните за тестирање ракети ќе бидат модернизирани, а ќе се инсталира и технологија за комуникација со сателити.

Проектот е дел од стратегијата од 2018 година која треба да ја направи Шведска еден од предводниците во вселенската технологија. Со оваа инвестиција, Шведска ќе стане една од само десетина земји во светот кои имаат сопствена инфраструктура за сателити.