ШВЕДСКА ЌЕ ГРАДИ МОСТОВИ ЗА БЕЗБЕДЕН ПРЕМИН НА ИРВАСИ ПРЕКУ ПРУГИ И ПАТИШТА

Стокхолм, (Гардијан)

Шведска ќе гради десетици мостови за да можат ирваси безбедно да поминуваат преку железнички линии и прометни патишта, како што глобалното затоплување ги принудува да шетаат подалеку во потрага по храна. Изградбата на првиот таканаречен ренодукт ќе почне подоцна оваа година во близина на источниот град Умеа, објави министерството за транспорт.

„Како што климата се менува, ќе биде многу важно да се обезбеди пристап до алтернативни пасишта“, изјави Пер Сендстрем од Шведскиот универзитет на земјоделски науки.

Глобалното затоплување има уништувачки ефекти врз шведската популација од 250.000 ирваси, при што некои зимски пасишта сѐ уште заздравуваат од досега невидени суши и пожари.

Десетина мостови се планирани во северните области на Шведска и тие ќе помогнат властите веќе да не ги затвораат клучните автопатишта во периодот кога ирвасите се во движење.