ТЕАТАР КОМЕДИЈА РАСПИША КОНКУРС ЗА КОМЕДИЈА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Театар Комедија објави конкурс за комедија од македонски автор, кој ќе трае до 30 мај 2021. Секој автор има право да конкурира со една комедија напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавена.

Од пристигнатите комедии, комисијата ќе одбере еден текст, кој ќе има премиера на сцената на Театар Комедија во текот на 2022.

Текстовите треба да се испратат по пошта на: Театар Комедија, булевар Климент Охридски бб, Скопје. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.