Пијанистот Симон Трпчески издаде двоен албум за британската издавчка куќа „Лин рекордс“ , на кој соработува со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.
„Нивната незаменлива хемија, најважна во камерните концерти на Брамс, е целосно прикажана во овие нови изведби што го ставаат музичкиот афинитет на двајцата уметници во центарот на вниманието. Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот е задоволство за пијанофилите“, изјавија од издавачката куќа „Лин рекордс“.
Освен на цеде, албумот е достапен за преземање и на музичките платформи. Нашиот пијанист е во Букурешт, и во салата на романското радио настапи како солист на Оркестарот на националното романско радио, со диригентот Николае Молдовану со дело за пијано и оркестар од Брамс.
Фото: Трпчески со романскиот диригент Кристијан Мачелару