СКОПСКА ПРЕМИЕРА НА „НЕСООДВЕТНО ЗА НА РАБОТА“ И КОНЦЕРТ НА „ТАЈГЕР ЛИЛИС“ ВЕЧЕРВА НА МОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Драмски театар со скопската премиера на претставата „Несоодветно за на работа“ е дел од 44. Млад отворен театар, а изведбата е закажана за вечерва во 20 часот.

Американскиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет ја постави „Несоодветно за на работа“ по текст на Луси Кирквуд, која дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество, прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација, која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Претставата премиерно се изведе во јули на Охридско лето.

Од 22 часот во МКЦ ќе настапи британската група „Тајгер лилис“, која првпат гостува во Македонија. Презентирајќи го новиот албум, публиката ќе има можност да види уникатно шоу на „кумовите“ на алтернативното кабаре, кои слават 30 години на сцената.