Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана утре, (28 мај) на Мајските оперски вечери (МОВ) ќе ја изведе камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. Оперската претстава ќе се изведе во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ).
„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи.
Музиката и либретото се напишани од Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом.
Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.
Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.
Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и Ања Земљариќ, мецосопран.
Фото: Дело