СНУП ДОГ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИС СО КОКТЕЛОТ ОД 550 ЛИТРИ

Лос Анџелес, (Ескваер)
NAPA, CA - MAY 26: Snoop Dogg attends the Guiness World Record for largest Cocktail during the 2018 BottleRock Napa Valley at Napa Valley Expo on May 26, 2018 in Napa, California. (Photo by Tim Mosenfelder/Getty Images)

Со Снуп Дог никогаш не е здодевно.

Последно што му падна на ум е да влезе во Гинисова книга на рекорди и ова му успеа откако го направи најголемиот коктел на светот.

Американскиот рапер и актер го изведе ова на фестивалот „Ботл Рок Нејпа Вели“, а во правењето на „рајскиот коктел“ со џин и џус му помагаа колегата Ворен Џи и славниот готвач Мајкл Волтаџо.

Снуп истури 180 шишиња од џинот „Хендрикс“ и 154 шишиња бренди од кајсија во 150 сантиметри висока и 90 сантиметри широка чаша, што потоа до врв ја дополни со џус од портокал. За ваков коктел имаше и соодветни чадор и цевка за пиење, кои беа со должина на просечен човек.

Севкупно, коктелот содржеше 550 литри течност, доволно за забава со 100 гости.

Снуп за својот рекорд доби и потврда од претставниците на Гинис.