СО 89 НОВОЗАРАЗЕНИ И СЕДУМ ПОЧИНАТИ, МАКЕДОНИЈА Е НОВО ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија стана ново жариште на коронавирусот во Југоисточна Европа откако во изминатите 24 часа е регистриран драматичен пораст на бројот на новозаразени и починати.

  • Уште седум лица починаа од КОВИД-19, што е рекордна дневна бројка од почетокот на кризата: две од Скопје на возраст од 80 и 83 години, две од Куманово (66 и 73 години), две од Тетово (54 и 65 години) и 44-годишен стружанец.
  • Вкупната бројка починати сега се искачи на 140.
  • Потврдени се нови 89 случаи на коронавирус (од 727 тестирања), од кои 35 во Скопје, 27 во Штип, 12 во Куманово, седум во Тетово, четири во Кочани и еден во Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица и Свети Николе.
  • За споредба, Словенија и Црна Гора прогласија крај на епидемијата, Хрватска нема нов случај на зараза, Грција само еден, а и во останатите соседни држави бројката е далеку помала (Србија – 18, Бугарија – шест, Албанија – шест).
  • Во Македонија досега има 2.315 заразени, од што 606 се активни случаи, а оздравеле 1.569 лица.