СО ГРУПНА ИЗЛОЖБА НА ОСУММИНА МЛАДИ АВТОРИ ОТВОРЕНА ЕВРОПСКАТА КУЌА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Со групна изложба на осуммина автори од помладата генерација беше отворена Европската куќа во Велес. Тие се претставија со дела изработени во различни техники. Изложбата и просторот ги отвори евроамбасадорот Дејвид Гир.

Меѓу авторите кои излагаат е Драган Таневски од Чашка, кој е дипломиран графичар.

„Потребни ни се простори каде што ќе можеме нашите дела да ги проследиме на публиката. Се претставувам со мултимедијално дело, кое ја обработува темата на емоцијата, суштината на животот“, кажа Таневски.

Со делото „Невестино, невистина“ се претстави Симона Манчева од Кавадарци.

„Просторот е нов и променлив, што е добро. Потребни ни се места за изложување“, рече Манчева.

Европската куќа се наоѓа во центарот на градот, во дел од просториите на некогашното кино „11 Октомври“.

П. ПЕЧКОВ