СОБРАНИЕТО ДА НАПРАВИ ИСЧЕКОР ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ, КАЖА ЛУИЗА ВИНТОН ОД ОН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со портокалови светла во Собранието и со портокалови беџови во форма на срце македонските пратенци и министри вечерва се вклучија во глобалната кампња „16 дена активизам против родово насилство“. Оваа кампања се оддржува секоја година, а почна денес на Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, и завршува на 10 декември кога е Меѓународниот ден на човековите права.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет со сопругата Вероник и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп со сопругата Хенриете Вин Клер (Фото: М.Златевска)

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Луиза Винтон (Фото:М.Златевска)

„Собранието е вистинското место каде треба да се биде денеска, бидејќи тоа не е само дом на граѓаните и храм на демократијата, туку и институција од која очекуваме да направи голем исчекор напред во однос на потребата за елиминација на насилството врз жените, по пат на брза ратификација на Истанбулската конвенција“, рече Луиза Винтон, постојната координаторка на ОН во земјава.

Пратеничката Даниела Рангелова со поддршка на глобалната кампања против насилството врз жените (Фото: М.Златевска)

Во Македонија секоја трета жена е жртва на физичко или сексуално насилство, а половина од жените биле изложени на сексуално вознемирување. Тоа се и просечните бројки на глобално ниво. Истражувањето спроведено од УНДП покажува дека од 26 жени кои биле убиени во Македонија во периодот од 2013 и 2016 година, 19 се убиени од нивните сопрузи, момчиња или интимни партнери.

Амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли со сопругата Кејпи (Фото: М.Златевска)

Со кампањата „16 дена активизам против родово насилство“ треба да се подигне свеста и да се поттикне преземање конкретни чекори да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата ширум светот. Во чест на кампањата холандската и американската амабасада се обоени портокалово, како и во наредните 15 дена.

Меѓу гостите во Собранието беше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска (фото: М.Златевска)