ЦЕЛ „ТАКСИРАТ“ СО БЕСПЛАТНИ КОНЦЕРТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот „Таксират“ реши една година порано да ги почести музичките фанови во Македонија за својата 20-годишнина, па сите концерти што ќе се одржат во рамките на претстојната ПИН музичка конференција ќе бидат бесплатни.

Иако оваа година ќе го нема класичниот „Таксират“ поради неможноста тој да се одржи на Скопски саем, повеќе од 30 музичари и групи ќе настапат во рамките на конференцијата, што ќе се одржи до 30 ноември до 2 декември.

Првата вечер, во МКЦ ќе можат да се слушнат австралиско-американскиот бенд „Лајрс“ и нашите „Палиндром“, по што следуваат два дена богата музичка програма со домашни и со странски бендови.

Меѓу другите, на сцената на МКЦ ќе се појават „Баба зула“ (Турција), „Визељ“, „Стреј догс“ (Србија), „Дебели прецједник“ (Хрватска), како и бројни македонски бендови („Киборг“, „Поган паган“, „Баклава“, „Културно-уметнички работници“…). Програмата ќе вклучи и техно и транс забави.