СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА НОВАТА ВЛАДА, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ Е 13. ПРЕМИЕР ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Собранието доцна синоќа ја изгласа новата Влада, на чие чело ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој е 13. премиер од осамостојувањето на Македонија.

  • Новата влада доби поддршка од 77 пратеници, додека 22 гласаа против.
  • Во гласањето не учествуваа пратениците од коалицијата Европски фронт на чело со ДУИ, кои претходно ја напуштија салата.
  • Новата, 20. влада по ред има 24 члена: 15 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и два од Движењето ЗНАМ.
  • Тимчо Муцунски на 34 години стана министер за надворешни работи, а Панче Тошковски ќе го води Министерството за внатрешни работи.
  • Секторот одбрана го доби Владо Мисајловски, Гордана Димитриевска-Кочовска е министерка за финансии, а актерот Зоран Љутков министер за култура и туризам.
  • Здравството ќе го води Арбен Таравари, министер за правда е Игор Филков, а за образование и наука Весна Јаневска.
  • Владата има и петмина вицепремиери: Изет Меџити, Александар Николоски, Арбен Фетаи, Љупчо Димовски и Иван Стоилковиќ.

Фото: К. Попов