Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва се појавија на премиерата на неговата нова серија „Агенција“ (The Agency) во Њујорк, додека се подготвуваат да се преселат во Шпанија.
Со нив беше и 24-годишниот син на Ричард Гир, Хомер, кој ретко се појавува на црвениот тепих, за да го поддржи татко му на премиерата. Хомер е најстариот син на Ричард Гир од бракот со поранешна сопруга Кери Лоуел.
„Мојата сопруга е од Шпанија и ми даде околу седум години рок да живееме во Америка, па сега ќе поминеме неколку години во Мадрид со нејзиното семејство“, рече славниот актер.
„Нашите деца зборуваат два јазика, па таму ќе им биде убаво“, додаде Гир, зборувајќи за неговите два најмлади сина, Александар (5) и Џејмс (4), кои ги има со Силва.
Ричард Гир е исто така грижлив очув на најстариот син на Алехандра, 11-годишниот Албер.
Фото: Гети