СОВРЕМЕНИОТ БАЛЕТ „МЕТАМОРФОЗА“ НА КОЦЕВСКА ВЕЧЕРВА ВО МОБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се изведе современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, по концепт и кореографија на балерината Ивана Коцевска.

Овој балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се занимава со соматското истражување низ техниките и антитехниките на телесното, вертикалното и хоризонталното, на симетричното и асиметричното.

Делото е работено според музика на Филип Глас и Иван Пенов, а на пијано настапува Дино Имери. Костимите се на Милена Атанасова.

Играат: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Теодора Ставревска и Ивана Коцевска.