СРЕДБА СО ЈАГОДА МИХАЈЛОВСКА-ГЕОРГИЕВА, ДОБИТНИК НА „СТАЛЕ ПОПОВ“ ЗА НАЈДОБАР РОМАН ВО 2017

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Писателката Јагода Михајловска-Георгиева утре во 13 часот во книжарницата „Три“ во Дебар Маало во Скопје ќе има неформална средба со читателите.

Михајловска-Георгиева е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело за 2017 година, според Друштото на писателите на Македонија, за романот „Манастир Фуентерабија“ во издание на „Три“.

„Наградата ‘Стале Попов’ е уште една потврда за високите книжевни квалитети на нашата романсиерка, која е еден од најнаградуваните македонски автори, добитник на Рациновото признание и на Роман на годината за ‘Каменот од твојот ден’ и ‘Индиго Бомбај’“, вели издавачот.

За време на средбата ќе има и хуманитарна акција поврзана со наградениот роман, во соработка со списанието „Лице в лице“. Дел од приходот од продажбата на „Манастир Фуентерабија“ авторката ќе го донира за децата од улица, згрижени во Дневниот центар во Шуто Оризари.