ФРАНЦУСКИОТ ДИПЛОМАТ РЕМБЕР ОБЈАВИ КНИГА ЗА СВОИТЕ ПАТУВАЊА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачкиот центар „Три“ ја објави четвртата книга на францускиот дипломат Емануел Рембер, „Скршнувања“. Рембер е директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура во Амбасадата на Франција во земјава. Автор е на делата „Баренцовата шапка“, „Немирни денови во Либија“ и „Во Лотарингија“.

„’Скршнувања’ е огледало на неговите патешествија во нашата земја и на средбите со интересни луѓе и предели. Со својот препознатлив питом и ерудитен стил, Рембер раскажува за свои посети на градови, планини и езера, за средби со обични луѓе и уметници, им пишува писма на своите деца, ги споделува со нас своите размисли за кулинарството, уживањето во медитацијата и за екологијата“, велат од „Три“.