Српската хит-претстава „Хотел 88″, која требаше да се игра на 30 ноември во Националната опера и балет, е презакажана за 9 февруари, објави „Јес продукција“.
Претставата тогаш се одложи поради болест на еден од глумците. Купените билети остануваат важечки за новиот термин.
Во претставата, која досега била изведена повеќе од 500 пати, играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин-Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа Копривница. Дејството се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа на романтично патување и запознава уште еден млад брачен пар, Сандра и Марко. Во текот на една ноќ, нивните животи ќе доживеат урнебесни промени.