Ненадеен срцев удар е поврзан со сексуалната активност многу повеќе кај мажите отколку кај жените, покажуваат истражувањата. Но, сексот ретко е причина за ненадеен срцев удар. Само 34 од испитани 4.557 срцеви удари се случиле за време на сексуалниот однос или еден час по него, и 32 од нив се кај мажи.
Д-р Сумет Чуг од Институтот за срце „Сидарс Синај“ вели дека неговата студија е прва со која се оценува сексуалната активност како потенцијален иницијатор за срцев удар. Истражувањето е презентирано на состанокот на Американската асоцијација за срце.
Ненадеен срцев удар се случува кога срцето не работи добро и наеднаш престанува да чука. Влијае некој да остане без свест и ако навреме не се укаже прва помош, може да биде фатален. Овој удар е различен од срцевиот удар, кога протокот на крв во срцето е блокиран. Познато е дека сексуалната активност може да предизвика срцев удар, но поврзаноста со ненадеен срцев удар претходно не беше позната.
Д-р Чуг и неговите колеги од Калифорнија ги испитале болничките записи за случаите на ненадеен срцев удар кај возрасни во период од 2002 до 2015 година во Портланд. Сексуалната активност е поврзана со помалку од еден отсто од случаите на срцев удар, поголем број се средовечни мажи и претходно имале кардиоваскуларни болести.
Британската фондација за срце препорачува по срцев удар или по операција на срце, пациентите да чекаат од четири до шест недели, пред да продолжат со сексуална активност.