СТОТИНА СТУДЕНТИ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ГО ПРЕЗЕНТИРААТ СВОЕТО ТВОРЕШТВО НА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Над 150 уметнички креации изработени од стотина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се изложени во галеријата „Безистен“, прикажувајќи го нивното најдобро творештво од изминатата учебна година.

Изложените цртежи и слики се израз на едногодишната работа на студентите од Ликовната академија од насоките класично сликарство и вајарство, додека нивни колеги од Институтот за архитектура и дизајн презентираат решенија на екстериерно и интериерно уредување, а експонатите од облека и мода се дело на студентите од Техничко-технолошкиот факултет“, вели деканката на Ликовната академија, Катерина Деспот.

Таа додава дека на Ликовната академија се активни 40 студенти.

Ваквите изложби веќе се традиција за Универзитетот, а годинашнава ќе биде отворена до 10 јуни.

Т. ЈОВАНОВСКИ