Музејот на современа уметност (МСУ) го објави повикот за учество на 13. Биенале на млади уметници, кое ќе трае од 5 мај до 1 септември, а темата е страст за лутање. Повикот е отворен до 20 март и важи и за македонски и за странски автори.
„Ги каниме младите уметници на движење без цел. Покануваме ‘скитници’, со надеж дека ова движење неочекувано ќе открие и ќе дојде до нови територии“, велат од МСУ.
Можат да аплицираат уметници на возраст од 18 до 35 години и тоа преку [email protected], со назнака: Пријава за Биенале на млади уметници. Авторите конкурираат со едно свое дело, настанато во периодот од 2018 до 2021 година. За резултатите од конкурсот уметниците ќе бидат известени до 1 април.