СТРИМИНГ НА РАДИОСТАНИЦИ ОД БЕРЛИН И ЛОНДОН ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре од пладне до три часот по полноќ, од бифето на Младински културен центар (MКЦ) ќе се емитува вториот стриминг на „Тредс“ (Threads), радиостаница со студија лоцирани во Лондон и Берлин.

Станицата е позната по тоа што поддржува и промовира разновиден избор на музика и претставува платформа со широк спектар на социјална, политичка и забавна содржина.

„‘Threads МКЦ‘ е прва екскурзија на ова радио надвор од Европската Унија. Овој мултидисциплинарен настан има за цел да ги прикаже талентите на Македонија преку музички настапи, визуелни уметности, современ танц, моден дизајн, дискусии и друго. Сето ова е бесплатно“, стои во најавата на настанот.