СТУДЕНТИТЕ ОД ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ СО ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНИ ИНСПИРИРАНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ ПИСАТЕЛ МОЛИЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје ќе презентираат свои дизајни на изложбата која ќе се одржи денеска во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, со почеток во 19 часот. Таа се организира во соработка со студентите од Катедрата за романски јазици и книжевности (група за француски јазик и книжевност) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во рамките на проектот „Моливерзум/Molivers“.

Под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова, нашата инспирација беше јубилејот 400 години од раѓањето на големиот француски писател Молиер, што сакавме да го одбележиме на оригинален начин. Читајќи ги ‘Тартиф‘, ‘Мизантроп‘ или ‘Дон Жуан‘, согледавме дека универзумот на Молиер е актуелен и денес. Тоа нè охрабри да замислиме како би изгледале неговите ликови денес, со користење на модерната технологија“, се вели во најавата на изложбата.

Втората фаза од овој проект вклучува наградно патување на студентите и нивна изложба/инсталација во Париз.